Од хаусмајстор до главен инспектор во општина Центар. Лицето Кочо Стојчевски дефинитивно влегува во македонската историја како службеник кој успеа одеднаш да скокне десетина скалила во хиерархијата на општината, пишува Press24.
-Градоначлникот на Центар, свесно, на еден ден пред Нова Година, кога вниманието на јавноста е насочно кон други теми, го потпиша решението со кое му овозможи на партискиот активист Кочо Стојчевски од хаусмајстор да стане главен инспектор, пишува порталот.
И градоначлникот на Центар вчера самиот ја потврди оваа информација коментирајќи дека тука нема ништо незаконско. Сепак, новиот закон за Државна администрација вели дека напредувањето за повеќе од 2 скалила одеднаш е спротивно на законот.
Вработените во Општина Центар кој од страв за работното место инсистираат на анонимност велат дека случајот „хаусмајстор за инспектор“ не е единствен во општината.
Како што пренесува Press24, тие коментираат дека многумина партиски активисти на опозицијата одеднаш напредувале по повеќе скалила. Во замена за напредувањето, тие ги вршат валканите работи за опозицијата, говорат на партиските собири и обезбедуваат логистика.
Целиот текст и повеќе фотографии погледнете на PRESS24.