Најгласниот поддржувач на Зоран Заев и Захир Бекири Чауш во незаконското креирање афери , кој сам ги постираше приватните разговори на Муса Џафери и Ермира Мехмети најави дека се повлекува.
Првин најавуваше дека ќе објавувал и други приватни наврдлиги снимки од функционери ма ДУИ, но откако излезе веста дека лидерот на СДСМ Зоран Заев бил посетен од Бекир Асани и уште две лица, од кои му било посочено дека ќе има големи реперкусии доколку продолжи објавувањето на снимките, Зоран Божиновски одлучи да не ги објавува најавените разговори, пишува Пресс24.
За потсетување, Пресс 24 дозна дека изминативе неколку денови имало блиска средба меѓу Зоран Заев и Бекир Асани, на која тој дошол со уште двајца придружници во чие присуство му ги изнел на лидерот на СДСМ аргументите зошто повеќе не смее да излезат снимки од функционери на ДУИ во јавноста. На Заев му било посочено дека ќе се соочи со сериозни последици доколку и понатаму продолжат да се објавуваат незаконски прислушуваните материјали со кои што располага.
Во однос на членот на СДСМ и близок пријател на Заев, Захир Бекири чауш, од страна на Бекир Асани било посочено дека за него е побезбедно да остане во затвори да каже каде се ги продал и дистрибуирал снимките кои му биле предадени од Заев.
По непријатната посета која што ја имал Зоран Заев, сопартијците коментирале дека изгледал отсутно и збунето на состаноците.
Повикал да се засили обезбедувањето и почнал да ги бара сите кои биле во контакт со незаконски прислушуваните материјали.