Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски утре во 11:40 часот по повод 100 дена нова Влада, ќе одржи прес-конференција во Медија центарот на Владата.
Под слоганот „100% посветени! За тебе“, претседателот на Владата Мицкоски ќе ја презентира досегашната работа, проекти и мерки кои беа спроведени изминатите 100 дена.