Со ден претходно најавени прес-конференции кои широко се распрострнуваат во медиумите коишто ја поддржуваат владата во обид за формирање на СДСМ и Специјалното јавно обвинителство (СЈО), како и преку социјалните мрежи споделуваат информациите за наводните нови случаи на СЈО, се прави своевиден скандал чијашто цел всушност е дефокусирање на македонската јавност од важните теми
Во оваа смисла во неделата реагираше Никола Србов. „Партиската параинституција на СДС, олицетворена во СЈО, во недела се потерала да напише известување до медиуми дека во понеделник ќе имале прес- конференција. И сето тоа, од страна на соросовите медиуми, и секако телевизијата на Заеви, е доволна причина за правење на медиумски спектакли и нарачани вести“, напиша Србов.
Аналитичарот го поставува прашањето какво е тоа обвинителство, ако не исклучиво чисто партиско и политичко мотивирано кое на фанфари најавува прес конференции уште ден порано.
Второ, оценува натаму Србов, таквите најави се дознаваат на социјалните мрежи уште пред да биде пуштено официјалното известување кое во нормална држава има функција на техничко известување, а не правење на политичка тема.
Третиот скандалозен потег на СЈО е во тоа што со својата работа нема ниту „п“, од право, но има „П“ од партија, вели натаму Србов.
„Сигурно, по утрешна „спектакуларна“ прес конференција ќе најават и ќе побараат мерки за претпазливост или обезбедување на оние кои се предмет на истрага. Па нели со ваквите известувања ден порано се загрозува истрагата, постапуваат непрофесионално и најавуваат уште 24 часа претходно што ќе се случи во наредниот период“, пишува аналитичарот на својот фејсбук профил.
Четврто, прашува Србов, како е можно дел од луѓето блиски од СДСМ на своите ФБ профили да споделуваат информации за тоа со какви случаи утре ќе излезе СЈО.
Ваквата практика, на којашто бевме сведоци и досега, го поставува прашањето, освен тоа што претставува сериозна злоупотреба, од каде и како одредени лица со избраните медиуми, може да ги дознаат однапред чекорите коишто ќе ги преземе СЈО.
Или, како што прашува и Србов, дали не станува збор за вулгарно испраќање на пораката дека „директивите до СЈО доаѓаат од СДС“.
Според овие информации во одредени медиуми, во понеделникот СЈО ќе информирало за наводно финансирање на партија или изградба на автопати. И оваа најава доаѓа токму во периодот кога ВМРО-ДПМНЕ во контекстот на подготовките за претстојните локални избори, најверојатно кон средината на октомври, започна со промовирањето на своите остварени проекти содржани во нивните предизборни програми.
Покрај тоа, може да се претпостави, дека повторно освен одигрување на спектаклот пред камерите, брифирање на специјално избраните новинари, нема да биде сведоци на изнесување на каков и да е доказ или некоја друга поткрепа на отворените „случаи“. Што, уште еднаш укажува дека станува збор за (зло)употреба на СЈО како обичен политички инструмент.