Австрискиот весник Пресе“ги истражува можностите што би се случиле доколку членките на Европската унија не се согласат да одредат почеток на преговори со Македонија и Албанија,а во текстот „ЕУ и западниот Балкан: Време е за стоп и за потполно нов почеток“, авторот, Оливер Грим, пишува дека по изборите во Европскиот парламент, новото раководство може да повлече „рачна кочница“ за проширувањето.
„Мнозинството граѓани во ЕУ не се заинтересирани за прием на многу сиромашните и институционално преоптоварени членки, па поради тоа може целосно да се откажат од намерата да ги направат земјите од регионот подготвени за пристапување“, пишува авторот.
„ЕУ се однесува како да има намера да ги прими земјите од Западен Балкан, а тие како да сакаат да се приклучат, според модел од периодот на реалниот социјализам, кога како виц се прераскажуваше дека комунистичките сопственици се преправаа дека ги плаќаат работниците, а работниците се преправаа дека работат. Сепак, ситуацијата не е за шега во ниту една земја“, пишува виенскиот дневен весник.
Според авторот, алтернатива за земјите од западен Балкан е формирање на Балканска унија, според примерот на ЕУ. Во тој случај би се укинале границите меѓу овие земји, би се изградил заеднички пазар, заедничка енергетска политика, заедничка политика во телекомуникациите, како и во сообраќајот.
Со тоа, пишува Грим, би се зголемиле шансите за влез на западнобалканските земји во ЕУ, а би се елиминирала можноста некоја од земјите да го блокира или уценува пристапот на друга. Иако проектот наликува на поранешна Југославија, весникот нагласува дека нема да има за цел повторно обединување на делови од поранешната СФРЈ.
„Сега се дава можност за драстична политичка одлука и ЕУ може, по изборите за Европскиот Парламент, со новото раководство, да повлече рачна, бидејќи мнозинството граѓани не се заинтересирани за прием на многу сиромашните и институционално преоптоварени членки. Таквата грешка, подвлекува Пресе, би била историска грешка.
Пресе пишува и дел од обврските коишто би требало да ги спроведе регионот:
„Во рок од десет години да ја изградите Западнобалканската Унија по идентичен пример на ЕУ – укинување на границите, заеднички пазар со четири основни слободи, заедничка енергетска политика, заедничката политика во телекомуникациите, сообраќајот, сето тоа заедно со граѓанските права, пишува уште Пресе.
Дури потоа, ќе може, целиот регион да биде поздравен во заедница со ЕУ. На тој начин, додава авторот, би била елиминирана можноста некоја од земјите, да го блокира или уценува пристапот на друга, давајќи како пример блокада од Србија кон Албанија.
Кон крајот на текстот, весникот нагласува дека проектот нема да има за цел повторно обединување на делови од поранешната СФРЈ.
Инаку, ова не е прв текст на весникот во кој се споменува за црвено светло од Унијата кон земјите од западен Балкан. На страниците на „Пресе“ беше објавен и текст во кој пишува дека најверојатно летово Северна Македонија и Албанија нема да добијат датум за почеток на преговорите за членств