УЈП денеска соопшти дека канцелариите на Центарот кои досега беа сместени во Градски трговски центар (ГТЦ), нема да бидат во функција.
Од Управата ги потсетуваат сите обврзници дека Контакт центарот / Повикувачки центар на УЈП, функционира на приземјето на УЈП – Регионална дирекција Скопје (зграда до ЗОИЛ), кој претходно се наоѓаше во Градскиот трговски центар Скопје.