Вчера во Куманово, од страна на ООУ „Б.Шабани“ пријавено е дека нивни 14 ученика, биле физички нападнати од ученици на ОУ Браќа Миладиновци“ кои учествувале на заеднички проектни активности „Училиште модел’’ одржано на 20.02.2014 година од 12,15 часот.
Имено, по завршување на самите активности во 13,30 часот учениците и наставникот А.А. низ ходникот на училиштето биле пцуени од група ученици од осмо одделение, кои потоа продолжиле и надвор од училиштето, по што А.А. реагирал бранејќи ги истиот бил нападнат, од четири ученици со нозе и камења. СВР-Куманово презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.