Пресметка меѓу Себастијан Курц и крајната десница

Во Австрија во неделата се отворени избирачките места на парламентарните избори на коиштои младата конзервативна политичка ѕвезда во подем и досегашен шеф на дипломатијата Себастијан Курц се надева дека ќе ја победи крајната десница осострата политика кон бегалците и имигрантите и ветувањата дека ќе спречи повторување на европската бегалска криза.

За 183 места во парламентот ќе се гласа на околу 10.000 гласачки места од кои 1.492 во Виена. Тие се отворени во неделата во 6 часот наутро по локално време и ќе бидат затворени во 17 часот. Првото гласачко место беше отворено во 5,30 часот на главната станица во Калгенфурт, во сојузната покраина Карантија.  Во некои места може да биде продолжено гласањето, според одлуката на Министерството за внатрешни работи коешто ги спроведува изборите и раководи со работата на Федералната изборна комисија. Првите прелиминарни извештаи се очекуваат набрзо по затворањето на последните избирачки места кога ќе биде познат одѕивот на гласачите.

Австрија се наоѓа пред политичко свртување в десно и завршување на долгогодишното владеење на конзервативците и социјалдемократите.

Анкетите пред изборот за Националниот совет (Nationalrat) покажаа дека Австриската национална партија (ÖVP), предводена од 31-годишниот Себастијан Курц, води во испитувањата на јавното мнение со околу 33 отсто. За второто месо се борат Социјалдемократската партија на Австрија (SPÖ) и десничарската Слободарска партија на Австрија (FPÖ), коишто зависно од анкетите, може да сметаат на поддршка меѓу 23 и 27 отсто од гласачите.

За влегување во австрискиот парламент и минување на изборниот праг од 4 отсто се борат и партијата Зелени, Неос (Либералите), и Листата на Петер Пилц, поранешен челник на партијата Зелени.

Последната фаза од предизборната кампања остана во сенката на скандалот околу лажните Fаccebook страници на коишто се правеше обид да се оцрни кандидатот на конзервативците Себастијан Курц. Последните соочувања на социјалдемократскиот и кознервативниот кандидат за канцелар, Кристијан КЕрн и Себастијан Курц, ги одбележаа меѓусебните обвинувања за водењето валкана предизборна кампања.

Несогласувањето меѓу владејачките социјалдемократи и конзервативците се интензивираа по доаѓањето на Керн на чело на социјалдемократите. Подоцна и Курц застана на чело на „народњаците“ и оттогаш меѓу двете коалициски партии владее како на почетокот од годинава заклучи социјалдемократската државна секретарка, Мунба Дуздар, “вечната борба“ на штетат на „конструктивната работа на владата“.

На Себастијан Курц му успеа пролетва со излегувањето од големата коалиција да избори нови избори и да ја обнови партијата креирајќи предизборна кампања којашто би била изразено персонализирана и со тоа успевајќи на партијата да ѝ даде нов подмалден имиџ.

На почетокот од годината неговата ÖVP во анкетите се наоѓаше далеку зад социјалдемократите и десницата. Австриските политиколози, кога станува збор за „феноменот Курц“ зборуваат и за „австрискиот парадокс“ бидејќи Себастијан Курц, иако веќе со години во политиката и дела од владејачката гарнитура, на гласачите успеа да им се наметне како целосно нов лик.

Себастијан Курц добар дел од својата предизборна кампања ја посвети на прашањето на бегалците, имигрантите и доселениците во целина, особено зборувајќи за намалувањето на социјалните повластиците за странците, со што на „слободарите“ од FPÖ им ја одзема една од главните политички теми. Курц во кампањата особено се нафрли на детскиот додаток за граѓаните од Европската унија коишто работат во Австрија, а децата им живеат во земјите на потеклото.