Претставата „Електра“ во режија на Андри Жолдак на МНТ од Скопје е најдоброто уметничко остварување на претстава во целина на 50-от Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Фестивалското жири во состав Ѓорѓи Јолевски, Тони Михајловски и Илбер Муртези едногласно одлучиле, соопштија денеска на прес-конференција во Прилепскиот театар.
Актерот Адем Карага ја доби наградата за најдобра главна машка улога во претставата „Предавање“ на Албанскиот театар-Скопје, а Дарја Ризова – наградата за најдобра женска улога во претставата „Електра“ на МНТ.
Специјална награда за колективна игра и осовременување на класиката доби ансамблот на Прилепскиот театар за претставата „Сон на летната ноќ“ од Шекспир во режија на Нела Витошевиќ.
Фестивалското жири годинава додели вкупно 16 награди за најдобри уметнички остварувања.