Престрелка близу израелскиот конзулат во Минхен, напаѓачот е убиен

Едно лице отворило оган врз полицијата во четвртокот во близина на Генералниот конзулат на Израел во Минхен, а напаѓачот бил смртно застрелан во престрелката што следела.

„Напаѓачот отвори оган кон полицијата, која дури потоа возврати и смртно го застрела напаѓачот“, изјави министер за внатрешни работи на сојузната покраина Баварија, Јоаким Херман.

Според медиумите, осомничениот отворил оган со долгоцевно оружје врз полицијата која ја обезбедувала зградата на Архивот на националсоцијалистичкиот режим, која се наоѓа во близина на израелскиот конзулат.

Во размената на оган што следела напаѓачот бил убиен. Засега нема информации дали некој од полицајците е повреден во престрелката.

Полицијата преку платформата Х соопшти дека засега ништо не знае ништо за мотивот на напаѓачот и дека претпоставуваат оти напаѓачот дејствувал сам.

Медиумите посочуваат дека денеска се одбележува годишнината од терористичкиот напад врз израелските спортисти за време на Олимпијадата во Минхен во 1972 година, кога палестинските терористи убија 11 Израелци.