Престрелка и пожар на аеродромот во Кабул, најмалку еден убиен

Пожар избувна на меѓународниот аеродром во авганистанската престолнина Кабул откако во понеделникот се случила престрелка, објави панарапскиот весник Asharq Al-Awsat.

Малку претходно порптатоло на американската Централна команда (CENTKOM), Вилијам Урбан изјави дека американските или силите на земјите од коалицијата не се инвовлирани во престрелката којашто се случила во понеделникот утрото по локално време на аеродромот во Кабул.

Според Урбан, „во текот на кратката пресметка (…) на северниот влез на меѓународниот аеродром Хамид Карзау, нема настрадани војници на САД или на коалицијата“.

„Се чини дека инцидентот започнал кога непознат непријателски субјект отворил оган врз авганистанските безбедносни сили кои го надгледуваат простапот кон аеродромот. Авганистанците возвратија на огнот, поаѓајќи од нивното право на самоодбрана, идентично би постапиле и американските и војниците на коалицијата“, се наведува во соопштение на CENTKOM.

Според Урабан, во престрелката е убиен припадник на авганистанските сили, а уште неколку Авганистанци се повредени, и ним им се укажува медицинска помош, но тие не се животно загрозени.