Авганистанските безбедносни сили се судрија во понеделникот со добро вооружени напаѓачи кои упаднале во зграда во главниот град Кабул, откако одекна експлозија на камион-бомба во близина на министерството за одбра во екот на утринскиот сообраќаен метеж при што се ранети најмалку 100 луѓе, од кои 35 се деца, соопштија властите.
Најмалку три вооружени напаѓачи влегле во зграда крај министерството за одбрана, откако одекнала експлозија во близина на одделот за инженерство и логистика. Вооружените напаѓачи влегле во зградата и се судриле со авганистанските сили, непосредно по силната експлизија, потврдил портпаролот на министерството за внатрешни работи, Насрат Рахми.
Портпаролот на министертвото за здравство соопшти дека во нападите во квартот Пули Махмуд Кан најмалку 100 лица се рането, меѓу кои 35 се деца, кои се пренесени во болниците, но предупреди дека бројот на настраданите па и на жртви најверојатно ќе се зголеми. Во истиот кварт се наоѓаат и згради на авганистанската војска и на владата, како и на Авганистанскиот фидбалски сојуз, чијшто портпарол Шати Шадаб изјавил дека нивниот челник Јусуд Каргар е меѓу повредените.
Портпаролот на радикалното исламистичко движење, Забиула Муџахид, соопшто дека неговите талибански соборци го извршиле нападот на зградата наспроти на Министерството за одбрана. „Цел беше техничка постројка на министерството за одбрана“, напишал Муџахид во електронска порака испратена до агенциите.
Нападот се случува по почетокот на третиот ден од седмиот круг на преговорите кои во катарска Доха ги води американскиот специјален пратеник за Авганистан, Залмај Калилад, со движењето Талибан со цел да се стави крај на 18-годишната војна во оваа земја. Мировните преговори се насочија кон четири прашања: антитероризам, повлекување на странските трупи, меѓуавганистански дијалог и сеопфатен прекин на огнот, во услови кога талибаните го проширија своето дејствување на поголем дел од територијата, па како ретко кога претходно сѐ почесто и посилно воено дејствуваат и во главниот град Кабул.