Пресврт на Ливерпул за победа над Лутон

Фудбалерите на Ливерпул на домашен терен го победија Лутон Таун со 4:1 во 26. коло од англиската Премиер лига, иако гостите го добија првото полувреме со 1:0.

Ливерпул, кој има проблеми со бројни повреди, мечот од ова коло го одигра неколку дена порано, бидејќи в недела ќе се соочи со Челзи во финалето на Лига купот.

Лутон почна подобро, а Кједози Огбене погоди во 12. минута за водство. Ливерпул го сврте резултатот во вториот дел, а по двете додавања на Алексис Мек Алистер, стрелци беа Вирџил ван Дијк во 56. минута и Коди Гакпо во 58. минута. Третиот гол за „Редсите“ го постигна Луис Дијаз во 71., а четвртиот Харви Елиот во 90. минута.

Останатите натпревари ќе се играат во текот на викендот и во понеделник. Дојките се: Астон Вила – Нотингем Форест, Брајтон – Евертон, Кристал Палас – Барнли, Манчестер Јунајтед – Фулам, Бурнмаут – Манчестер Сити и Арсенал – Њукасл Јунајтед ќе се играат во сабота, Вулверхемптон – Шефилд Јунајтед во недела, а Вест Хем – Брентфорд во понеделник. Лондонското дерби меѓу Челзи – Тотенхем е одложено.

Ливерпул е на чело на табелата со 60 бодови, со натпревар помалку следуваат Манчестер Сити со 56 и Арсенал со 55. Лутон со 20 бодои е 18-ти, во зоната за испаѓање.