Британскиот „Дејли Мејл“ пишува дека Хантер Бајден, синот на американскиот претседател, одиграл клучна улога во давањето можност на Метабиота да спроведе истражување за смртоносните патогени во близина на Русија.
Бритранскиот весник ја објави кореспонденцијата што протече од лаптопот на синот на американскиот претседател.
„Тврдењето на Москва дека синот на американскиот претседател Хантер Бајден помогнал во финансирањето на воените истражувања за опасните патогени во биолабораториите во Украина е точно“, се вели во текстот, само неколку дена откако истите медиуми објавија дека Русија ја засилила својата „дива пропагандна кампања“ со презентирање тврдења за биолошко оружје.
Минатата недела овој медиум, коментирајќи ги тврдењата на командантот на руските сили за нуклеарна, биолошка и хемиска заштита дека постои „шема на интеракција меѓу американските владини агенции и украинските биолошки капацитети“, тврдеше дека тоа се измислици.
Пресвртот во третманот на американските биолаборатории во британскиот печат дојде откако редакцијата наводно примила два обемни мејлови „од напуштен компјутер“, кои сведочат дека инвестицискиот фонд „Росмон Сенека“, на чело со Хантер Бајден, собирал пари за финансирање Метабиот „како изведувач на Министерството за одбрана на САД.
„Синот на претседателот Џо Бајден и неговите партнери од Rosemont Seneca, исто така, инвестирале 500.000 долари во Метабиот“, покажуваат документите.
Е-поштата, која содржи меморандум од април 2014 година, покажува дека Хантер Бајден и извршната директорка на Метабиота, Мери Гутиерез разговарале „како потенцијално можат да користат заеднички тим, мрежи и концепти за да ја потврдат културната и економска независност на Украина од Русија“ и интеграцијата во западното општество“.