![pendarovski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/pendarovski.jpg?resize=696%2C371&ssl=1)
Со злоупотребата на европското знаменце за политички дизајнираните измени на Кривичниот законик му се нанесува сериозна штета на правосудниот систем во Македонија, велат во објавата преку објава на профилот на Антонијо Милошоски пратениците на опизициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Затоа, и од легалистички, и од политички аспект, би било исправно доколку Претседателот Пендаровски не го потпише овој законски проект на ДУИ и СДСМ, и законот за измени во Кривичниот законик го врати на повторна расправа во Собранието.
Таквиот потег на Пендаровски прво ќе значи спротивставување на владината злоупотреба на европското знаменце, а истовремено ќе даде шанса и за јавна дебата на оваа тема со адвокатската комора, здружението на судии и катедрите за кривично право при правните факултети во државава“, се наведува во објавата,