Претепале вработен во угостителски објект во Скопје, па оштетиле инвентар

Ноќта кон петокот, околу 1,30 часот утрото во Полициската станица Чаир, 27-годишниот Г.Е. од Скопје пријавил дека претходно околу 23,20 часот на работно место во угостителски објект на булеварот „Словенија“ бил физички нападнат од Г.Б. и В.Б., кои потоа оштетиле дел од инвентарот.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.