
Беким Асани, претседател на организацијата ЛГБТИ Јунајтед од Тетово, физички бил нападнат од две лица, на околу 200 метри од канцеларијата.
„Ме удираа со боксови по лицето“, напиша на Фејсбук ЛГБТИ активистот Асани.
„Ти ли си тој педер?“, му рекол еден од напаѓачите и инсистирал Беким да му се тргне од патот. Другиот напаѓач излегол од авотмобил и го нападнал со боксови, а потоа двајцата заедно го претепале.
Полицијата го регистрирала нападот. Асани е повреден, но се чувствува добро.