![bernar tapi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/04/bernar-tapi.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Познатиот француски претприемач и некогашен министер и фудбалски челник и акционер во „Adidas“, чија кариера беше проследена со скандали, Бернар Тапи и неговата сопруга, биле ограбени и претепани во нивниот дом близу Париз ноќта кон неделата, објавија француските власти.
Тапи и сопругата спиеле во нивниот дом во Комб-ла-Вил близу Париз кога половина час по полноќ ги нападнале четворица мажи со качулки на главите и облечени во црни комбинезони, кои ги врзале со електрични кабели и ги претепале.
Седумдесет и седумгодишниот Бернар Тапи со палка бил удрен по главата, но не бил хоспитализран и одбил медицинска помош, изјавила за агенцијата AFP обвинителката од округот Мелун, Батрис Ањелели, која додала дека од куќата биле украдени накити и скапоцени часовници.
Доминик Тапи успеала да се ослободи и од домот на соседите да повика полиција. Таа имала полесни повреди од неколку удари в лицае и била пренесена на прегледи во болнициа. Се очекува дека наскоро да биде пуштена дома.
Според извори од истрагата, крадците однеле два скапи часовници од кои едниот „Rolex“, обетки, нараквици и прстен. Пред три седмици во истиот париски регион во текот на фудбалски натпревар, домовите на двете ѕвезди на ПСЖ, Аргентинецот Анхел Ди Марија и Бразилецот Маркињос, исто така, беа цел на грабежи, од кои едниот насилен.
Бернар Тапи во 1980-те години се специјализираше за преземање на фирми во пропаѓање, а во 1986 година го купи и фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј со кој ја освои титулата во Франција и дојде до финалето во најелитното континентално натпреварување. Во минатото имаше обичај да се расфрла со своето богатство, особено кога купи 72-метарска луксузна јахта.
Тапи, кој кратко беше министер во 1992 година во владата на социјалистичкиот претседател Франсоа Митеран, го изгради своето спортско и медиумско деловно царство, но имаше повеќе проблеми со правосудството.
Тами беше осомничен дека ги преземал пропаднатите компании со сомнителни методи, и стана симбол за корумпиран бизнисмен откако го местел резултатот од натпреварот меѓу Валенсиен и Марсеј. За тоа беше осуден за корупција, затајување данок и злоупотреба на корпоративна сопственост, поради што мина пет месеци в затвор. Во 1997 година излезе од издржување на казната, па стана актер, радио и телевизиски водител.