
Угледниот руски опозиционер и блогер Јегор Жуков бил претепан во Москва, пишува Би-Би-Си.
Неговите приврзаници објавиле фотографија од крвавото и отечено лице на Жуков на Фејсбук. Нападот се случил вчера во близина на неговата куќа.
Во декември минатата година, Жуков доби тригодишна условна казна за „поттикнување екстремизам“ и му беше забрането да раководи со веб-страници и платформи, па неговите активности ги презеле неговите соработници.
https://www.facebook.com/blogzhukov/posts/189534415894859
Тој им рекол на истражителите дека бил нападнат и повреден од две непознати мажи, пренесува Интерфакс.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјавил дека полицијата го истражува нападот.