Геге Демировски од Народната партија на Ромите се вклучи во живо со жртвата на вчерашната тепачка во Струмица, Игор, кој крвнички беше тепан од страна на десетина лица. Тој раскажа како ексалирала ситуацијата, но и детали кои ги немаше на вознемирувачкото видео, а тоа е дека обезбедувањето на Зоран Заев се обидело да го прегази со автомобил, но и дека иако полицијата го видела насилството, силеџиите им рекле да не се мешаат.
Демировски бара одговорност, но и одговори од премиерот.