СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.А. (23) и Б.А. (28) поради сомнение дека сториле кривично дело „тешка повреда“.
Тие на 21. минатиот месец во село Камењане физички го нападнале Ш.Ј.(19) од истото село удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото.
Повредениот е префрлен во Клиничката болница во Тетово.