![dozd sneg](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/dozd-sneg.jpg?resize=695%2C459&ssl=1)
Времето во Македонија во петокот ќе биде претежно облачно и студено со повремени локални врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.
Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Утринските температури се движат од минус 5 до 2, а максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу минус 1 во западниот дел и 5 на југот на земјата.
Во Скопје и околината денеска ќе преовладува облачно време со услови за повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи до 5 степени.