Претежно облачно и врнежливо, на повисоките места снег

Во сабота во Македонија ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни, со над 20 литри на литри на квадратен метар и проследени со ретки грмежи, особено во југозападните делови.

На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.  Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од североисточен, а во источните од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 7, а максимaлните меѓу 6 и 12 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, и максимална температура до 8 степени.