Претежно облачно со пад на температурите, со локално невреме и грмотевици

Времето во Македонија во саботата ќе биде претежно облачно,  а во претпладневните часови  ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни (10 до 20 л/м2), ќе дува умерен до засилен северен ветер и температурата значително ќе опадне.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд, услови за град и силен ветер (над 60 км/час).

Температурата ќе опадне за 7 до 9 степени. Минималната температура е во интервалот од 9 до 19, максималната од 20 до 27 Целзусови степени. УВ индексот ќе има вредност 4.

Во Скопје и околината денеска ќе биде главно облачно и претежно врнежливо со максимална температура до 16 Целзиусови степени.