Претежно облачно со попладневни врнежи

Денеска во Македонија ќе преовладува претежно облачно време, попладне во западните и југозападните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег.

Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Утринските температури се движат од минус 4 степени на повисоките места во западниот дел од земјата до 4 степени на југот, а максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 0 и 8 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината, исто така, ќе биде претежно облачно, со максимална температура до 6 степени.