Во вторник во Македонија ќе преовладува претежно облачно време, во источните делови со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец.
Утринските температури се движат од 5 до 11, додека максималните дневни ќе соодветно ќе бидат во интерввалот меѓу 11 и 21 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде претежно облачно, во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, со максимална температура
до 19 степени.
Во среда и четврток ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, на места поинтензивен и проследен со грмежи. Дневната температура ќе се намали. Од петок се очекува посончево и потопло време, со услови за локален краткотраен дожд во попладневните часови.