Претежно облачно со повремени врнежи

Денеска во Македонија ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, главно во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Утринските температури се движат од 5 до 10 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервалот од 10 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје и Скопската котлина денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, а температурата ќе се искачи до 16-от степен.