
Времето во вторникот во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, а температурите сѐ уште се невобиачено високи за овој дел од годината
Утринската температура се движи од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 22 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде претежно облачно со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 15 степени.
Следува период на стабилно време со појава на магла по котлините. Температурите ќе бидат во опаѓање.