
Во неделата во Македонија ќе преовладува претежно сончево и потопло. Попладнето во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Утринските температури се движат од 3 до 10, додека највиските во текот на денот соодветно ќе бидат во опсегот од 16 до 25 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде претежно сончево и тивко. Температурата ќе достигне до 24 степени.