Претежно сончево со раст на температурите

Времето во Македонија во петокот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе изнесува 8.

По студеникавите утра изминатите денови, од денеска и во планинските предели од земјата се забележува раст на минималните температури за неколку степени и кои ќе се движат во распон од 12 до 21 Целиусов степен, Дневната максикални температура, исто така, ќе бележат дополнителен пораст и ќе се движат во интервалот од 28 до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска времето повторни ќе биде стабилно и сончево. Утринската температура е околу 16-от, а максималнатс дневна ќе се искачи до 34 Целзиусови степени.