Претежно сончево со услови за попладневна локална нестабилност

Во петокот во Мекедонија ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Ултравиолетовото зрачење (UV) ќе има вредност 8.

Утринските температури се движат од 12 до 21, додека максималните дневни ќе достигнат соодветно меѓу 29 и 38 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 36 степени.