
Работната седмица ќе започне со утринска магла по котлините, додека во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност и релативно топло особено за овој период од годината во повисоките места и на планините.
Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Утринските температури се движат од минус 4 до 4 Целзиусови степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 10 до 16 Целзиусови степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла, а преку денот сончево со мала до умерена облачност и температура до 11 степени.