-Предлог буџетот на Министерството за одбарана кое е доставено до Министерството за финансии е да изнесува 2,4 проценти. Следуваат преговори да видиме дали ќе биде одобрено нашето барање или негде ќе се скрати, информира министрерот за одбрана Владо Мисајловски, кој беше гостин во Тема на денот на Сител телевизија.
-Она што ние го бараме е согласно превземените доспеаните обврски од претходни договори што се навистина огромни суми, како договорот за хеликоптерите. Но, што е целта во Буџетот и модернизацијата- што повеќе од сумата што ја имате како буџет да ја давате за модернизација и тоа е многу важно и затоа ние планираме и дополнителни средства. Следната година само за ДДВ ние треба да платиме 2 милијарди денари, што е сериозна ставка и тоа мора да се предвидува. Сакаме не само не само сите средства за плати и тоа што е колективен договор да се исплаќа, туку да оди и зголемување на ставката за модернизација, бидејќи тоа го бара и НАТО.
Мисајловски потенцира дека претходната влада оставила пустош.
-Ние сега пробуваме да ги сервисираме сите обврски што се затекнати, но и со дополнителни средства да обезбедиме подобар развој и модернизација во Армијата, но и вложување во човечките ресурси, додава ресорниот министер.