Претпазливо тргување на европските берзи, индексите стагнираат

На европските берзи во средата претпладнето се тргува претпазливо, додека инвеститорите ги анализираат кварталните деловни извештаи на компаниите и го следат развојот на ситуацијата на Блискиот исток.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше во минус од 0,1 отсто. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,14 отсто, на 7.665 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,06 отсто, на 15.245 поени, а париски CAC 0,07 отсто, на 7.025 поени.

Се тргува претпазливо бидејќи инвеститорите стравуваат од ескалација на конфликтот меѓу Израел и Палестинците по воздушен напад врз болница во Газа убиени неколку стотици Палестинци. Локалните власти тврдат дека тоа го направил Израел, додека Израел тврди дека ракетата не ја испукал кон болницата, туку дека тоа го направила палестинската организација Исламски џихад.

Тензиите се зголемени и поради фактот што регионот денеска треба да го посети американскиот претседател Џо Бајден.

„Проценуваме дека е зголемен ризикот од ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хамас и ширење на конфликтот во другите земји на Блискиот Исток. Можна е зголемена нестабилност на пазарите и намалување на проценките за растот на светската економија“, предупредуваат аналитичарите на CBA во врска со состојбите на пазарите.

Внимателно се тргува и на азиските берзи. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во пртпладневното тргување беше во минус за 0,1 отсто. Истовремено, јапонскиот индекс Nikkei зајакна за 0,01 отсто, додека цените на акциите во Хонгконг и Шангај се лизнаа меѓу 0,2 и 0,8 отсто. Во Австралија и Јужна Кореја тие пораснале за околу 0,2 отсто.

И додека ситуацијата на Блискиот исток врши притисок врз пазарите, тие беа поддржани од фактот што кинеската економија порасна за 4,9 отсто на годишна основа во последниот квартал, повеќе од 4,4 отсто отколку што очекуваа аналитичарите во анкетата на Reuters.

Трошоците на мало и индустриското производство во Кина изненадија со растот во септември, поддржувајќи ги надежите на инвеститорите дека владините мерки за забрзување на економскиот раст конечно даваат резултати. Но, кинеските берзи претпладенвво паднаа, меѓу другото, поради веста дека владата на американскиот претседател Џо Бајден може да го забрани снабдувањето со напредни чипови за вештачка интелигенција во Кина.