Претпазливост на Волстрит, се чекаат податоците за инфлацијата

Волстрит се тргуваше претпазливо во понеделникот, бидејќи инвеститорите не се склони кон ризик, по големите промени на цените на акциите минатата седмица и пред извештаите за инфлацијата во САД, што може да влијае врз насоката на пазарот.

Индексот Dow Jones ослабе за 0,36 отсто, на 39.357 поени, додека S&P 500 остана речиси непроменет, на 5.344 поени. Индексот Nasdaq зајакна, пак, за 0,21 отсто, на 16.780 поени.

По големите промени на тие индекси минатата седмица, тргувањето беше претпазливо на најголемата светска берза во понеделникот. Тоа е резултат на неизвесноста на инвеститорите дали деловните резултати на компаниит е ги оправдуваат толку високите нивоа на цените на акциите, со оглед на нивниот силен раст од почетокот на годината.

Инвеститорите оваа седмица ќе бидат во фокусот на американскиот извештај за инфлацијата, кој ќе биде објавен во среда и кој би можел значително да влијае врз насоката на пазарот.Аналитичарите анкетирани од Reuters проценуваат дека потрошувачките цени се зголемиле за 0,2 отсто месечно во јули, при што годишната стапка на инфлација најверојатно ќе се одржи на 3 отсто.

Извештајот за инфлацијата ќе покаже дали има простор за намалување на каматните стапки од страна на американската централна банка. Пазарот очекува дека Fed може да започне со намалување на каматните стапки во септември.

Доколку податоците за инфлацијата се подобри од очекуваното, пазарот може да расте. Доколку, пак, се послаби од очекуваното, пазарот би можел да се најде под притисок, бидејќи тоа би значело дека поради високата инфлација, Fed нема да може толку брзо да ги намали каматните стапки.

Внимателно вчера се тргуваше и на европските берзи. Лондонски FTSE индекс зајакна за 0,52 отсто, на 8.210 поени, а франкфуртски DAX за 0,02 отсто, на 17.726 поени. Парискиот CAC, пак, ослабе за 0,26 отсто, на 7.250 поени.