Во средата на њујоршки Волстрит се тргуваше претпазливо, бидејќи нема нови вести кои би можеле значително да го стимулираат пазарот, додека европските берзи пораснаа.
Индексот Dow Jones зајакна 0,44 отсто, на 39.056 поени, додека S&P 500 остана речиси непроменет на 5.187 поени. Индексот Nasdaq, пак, ослабеза 0,18 отсто, на 16.302 поени.
По три дена значителен раст на индексите, на најголемата светска берза во последните два дена владее претпазливост. Иако Dow Jones вчера зајакна шести ден по ред, S&P 500 ослабе по четирите дена раст, а Nasdaq се лизна втор ден по ред.
Освен деловните извештаи на компаниите, нема вести кои би можеле да имаат значително влијание на пазарот.
„Едноставно, се чака нов придвижувач кој ќе го насочува пазарот. Тоа најверојатно ќе бидат извештаите за потрошувачкии и произведувчките цени, кои ќе бидат објавени следната седмица. Мислам дека инвеститорите не се подготвени да преземаат премногу ризик додека не видиме нови податоци за инфлацијата“, вели Ентони Саглимбене, стратег во компанијата „Ameriprise“.
Пазарот долго време е поддржан од надежта на инвеститорите дека американската централна банка наскоро ќе почне да ги намалува каматните стапки. Сепак, претставниците на Fed велат дека нема потреба да се брза со намалување на каматните стапки, бидејќи инфлацијата е сè уште покачена.
Пазарот е поддржан и од деловните резултати на компаниите. Досега, повеќе од 400 компании во индексот S&P 500 објавија резултати за првиот квартал, со околу 77 отсто над очекувањата за заработка.
И на европските берзи цените на акциите вчера пораснаа. Лондонски FTSE индекс зајакна 0,49 отсто, на 8.354 поени, додека франкфуртски DAX зајакна 0,37 отсто, на 18.498 поени, а париски CAC за 0,69 отсто, на 8.131 поен.