![dozd](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/dozd.jpg?resize=630%2C416&ssl=1)
Во недела во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, особено претпладне, а во попладневните часови облачноста ќе се намали.
Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.
Утринските температури се движат од минус 2 до 6, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 5 и 15 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денска претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, попладне променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневната темература ќе достигне до 13 степени.