Претпладне несабилно, попладне стабилизирање на времето

Времето претпладне во Македонија ќе биде нестабилно со локален краткотраен пороен дожд, ретки грмежи и засилен ветер особено во северните и западните делови. Во доцните попладневни часови се очекува преодно стабилизирање на времето.

Утринската температура ќе се движи девет до 15, а дневната од 27 до 32 степена.

Во Скопје времето претпладне ќе биде нестабилно со локален краткотраен пороен дожд, ретки грмежи и засилен ветер. Во попладневните часови постепено се очекува стабилизирање на времето.  Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 30 степени.

Во вторник во попладневните часови повторно ќе има локална нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата на воздухот ќе биде во опаѓање.