Претпладне облачно, попладне стабилизирање со сонце но студено

Претпладне во неделата во Македонија ќе преовладува претежно во североисточните делови ќе има зголемена облачност и ќе провејува слаб снег, а во текот на денот во останатиот дел од земјата ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност.

Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од северозападен правец, над 70 километри на час.

Утринските температури се движат во интервалот меѓу минус 8 и 4, додека максималните дневни соодветно ќе бидат од 0 до 7 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе биде студено, променливо облачно, попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен на повисоко и во источните делови од регионот. Температурата ќе достигне до 5 степени.