Во утринските часови во Македонија во понеделникот времето е променливо облачно, во текот на претпладнето ќе биде со умерена облачност, а попладне облачноста ќе се намали и ќе биде претежно сончево.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено долж Повардарието. УВ индексот ќе има вредност 6.
Утринските температури се движат во интервалот меѓу 9 и 20 степени, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 19 и 28 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска претпладне со умерена облачност, а попладне ќе биде претежно сончево. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Утринската температура се движи до 14 степени, а преку денот ќе достигне до 25 Целзиусови степени.