Претпладне променливо облачно, попладне разведрување

Во Македонија во средата претпладне ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а од пладневните часови облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, а особено долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.

Утринските температури се движат меѓу минус 3 и 6, додека максималните дневни ќе бидат соодветно во интервалот од 5 до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, а температурата ќе достигне до 13 степени.