Во вторникот ширум земката претпладне ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната од 27 до 31 Целзиусов степен.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд. Темепратурата ќе достигне до 30 степени.