Претпладне променливо облачно со услови за слаб локален дожд, попладне сончево

Во петокот претпладне во Македонија ќе бие променливо облачно со услови за слаб локален дожд на истокот од земјава, а попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време.

Ќе дува засилен ветер од северозападен и северен правец, особено изразен во поширокото Повардарие, каде ќе достигнува брзина и над 70 километри на час.

Минималната температура е во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 15 до 22 Целзиусови степена.

Во Скопје и околината претпладне ќе биде роменливо облачно, попладне претежно сончево. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 20 Целзиусови степени.

Од сабота следува период на претежно сончево и значително потопло време со слаб до умерен јужен ветер