Во најголемиот дел од земјата во саботата ќе преовладува променливо облачно време, претпладне во одделни котлини со магла и ниска облачност.
Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура се движи во интервалот од 0 до 6, а максималната од 7 до 12 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со слаб јужен ветер, температурата во текот на денот ќе достигне до 9-от степен.
Кон крајот на викендот започнува период на претежно облачно време со релативно високи утрински температури. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен, долж Повардарието засилен југоисточен ветер.