Претпладне сончево, попладне дожд, ветер и грмежи

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно со променлив правец.

Во попладневните часови локално ќе има развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот.

Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 28 до 35 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

За време на викендот во поголемиот дел на земјата се очекува да преовладува претежно стабилно и топло време, но во планинските предели можна е изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.