
Во Македонија во саботата претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и услови за изолирана појава на град.
Утринските температури се движат од 8 до 15 степени, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 17 и 28 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска, исто така, претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, додека попладне во делови од Скопската котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Температурата ќе достигне 26 степени.