Времето во петокот во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Од пладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ултравиолетовото зрачење (UV) ќе има вредност 6.
Утринските температури се движат меѓу 9 и 17, додека максималните дневно соодветно ќе бидат во интервалот да 24 до 33 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, попладне со услови за појава на изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Температурата ќе се искачи до 30 степени.