Претпладне сончево, попладне нестабилно

ΚΑΙΡΟΣ. Σάββατο 20 Απριλίου 2024 (ΓΙΩΡΓΟΣ ΚΟΝΤΑΡΙΝΗΣ / EUROKINISSI)

Во четвртокот на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи, особено попладне кога нестабилно ќе биде на повеќе места, локално и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Вредноста на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе изнесува 6.

Утринските температури се движат меѓу 11 и 20, додека највисоките во текот на денот ќе бидат во интервалот од 22 до 34 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, особено попладне кога во делови од котлината ќе има услови за појава ан невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Температурата ќе достигне до 32 степени.