Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне пороен дожд и грмежи 

Времето претпладне во петокот во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура се движи од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 34 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 32 Целзусови степена.

Во наредните денови во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално со поинтензивни процеси, особено во сабота.

Температурите ќе бидат во пораст, а особено топло се очекува во почетокот на наредната седмица кога на места температурите ќе надминуваат 35 степени.