Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Претпладне, кон југ ќе има почести сончеви периоди. Попладне, особено во планинските региони на исток и на запад, но и на север, ќе има повремени врнежи од дожд и грмежи. Утринските температури ќе се движат од 12 до 19, а максималните дневни од 25 до 32 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со почести сончеви периоди, а попладне со услови за краткотрајна нестабилност со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Температурата ќе биде до 30 степени.
До среда, услови за нестабилност ќе има претежно во западните делови. Од среда се очекува повторно зголемување на нестабилноста, со пороен дожд и грмежи.